Корона поздравување

176

Додека бројот заболени и починати од новиот коронавирус сѐ повеќе расте, сѐ повеќе луѓе, меѓу кои и славни личности, го промовираат новиот поздрав – потчукнување со лактите.

Здравствените власти, но и лидерите и државниците постојано повикуваат луѓето да избегнуваат ракувања, пријателски бакнежи, прегрнувања и слични секојдневни начини на општење. Се чини, најсоодветна замена за тоа е поздравот со лактите.

И претставникот на мисијата на Светската здравствена организација во Кина, Брус Ејлворд дава свој пример за тоа. На прес-конференција, тој на подадена рака од новинар, одговори со подаден лакт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...