Коронавирусот се прошири уште во три држави

Една медицинска сестра од Индија, која работи во болница во Саудиска Арабија, е заразена со коронавирусот, потврди индиското Министерство за надворешни работи. Тестирани се околу 100 индиски медицински сестри, главно од Керала, и засега не се регистрирани други случаи на заразени лица.

609

Случаи на заразени лица од новиот коронавирус, од кој досега починаа 17 луѓе во кинескиот град Вухан, пријавени се во Виетнам, Сингапур и Саудиска Арабија.

Виетнамското Министерство за здравство соопшти дека двајца кинески државјани биле позитивни на тестирањето за коронавирус, но тие се наоѓаат во добра здравствена состојба.

Како што се наведува, таткото и синот кои се вчера хоспитализирани бидејќи имале симптоми на грип, пристигнале од кинескиот град Вухан, каде вирусот првпат е идентификуван.

Сингапур, исто така, го потврди првиот случај на коронавирус на своја територија. Според Министерството за здравство на таа земја, станува збор за 66-годишен маж од Кина кој со семејството на 20 јануари допатувал од градот Вухан во Сингапур и моментно се наоѓа во болнички карантин.

Еден од неговите сопатници, исто така, е хоспитализиран, а в болница се наоѓа и една 53-годишна жена, кинеска државјанка од Вухан, која е позитивна на вирусот. Сите тројца пациенти се во стабилна состојба.

Една медицинска сестра од Индија, која работи во болница во Саудиска Арабија, е заразена со коронавирусот, потврди индиското Министерство за надворешни работи. Тестирани се околу 100 индиски медицински сестри, главно од Керала, и засега не се регистрирани други случаи на заразени лица, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...