Коронавирусот живее на пластика и до 9 дена, сепак се ризични пратките од Кина

Коронавирусот на површината на металот, пластиката и стаклото може да преживее дури до 9 дена, па доколку преку интернет нарачувате работи од земјите во кои се потврдени случаи со коронавирус, најмногу од Кина, во опасност сте да се заразите со заразната болест, се вели во студијата.

2515

Најновите сознанија дека коронавирусот може да преживее и до 9 дена на некои површини ги потврдуваат за Плусинфо и епидемиолозите од Институтот за јавно здравје.

Прим. д-р Гордана Кузмановска, раководителка на Секторот за контрола и превенција на заразни болести, изјави:

– Постојат сознанија од релевантни извори дека вирусот може да остане жив на површини до девет дена.

Таа не ги коментираше најавите од СЗО дека вакцината за заштита од коронавирусот ќе биде готова за три до четири месеци.

– Не можеме да ги толкуваме најавите на СЗО, можеме само да ги пренесеме, ако се навистина најави од СЗО, од официјален извор – вели таа.

Портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ, изјавил дека клиничките испитувања за вакцината против новиот коронавирус се очекуваат за три до четири месеци.

– Тимови на експерти од целиот свет се ангажираат дење и ноќе во оваа и другите заеднички мисии и веруваме дека тоа ќе даде резултати – изјави Јашаревиќ за „Вечерње новости“.

Во почетокот на епидемијата, лекарите напоменаа дека сѐ уште не се знаат многу факти за новиот вирус, како, на пример, колку лица може да зарази еден заболен и дали и колку може да бидат опасни пратките од Кина, но и од други земји, не прогнозираа толкав животен век на коронавирусот, кој досега усмрти над 3.000 лица, а заболеа повеќе од 90.000.

Пред неполн месец изјавите на некои од инфектолозите беа дека пратките од Кина не се опасни, дека на тој начин не може да го увеземе опасниот вирус во земјата.

Истражувањата објавени во најновата германската студија The Journal of Hospital Infection откриваат дека коронавирусот на површината на металот, пластиката и стаклото може да преживее дури до 9 дена, па доколку преку интернет нарачувате работи од земјите во кои се потврдени случаи со коронавирус, најмногу од Кина, во опасност сте да се заразите со заразната болест, се вели во студијата.

Истражувањата покажале дека коронавирусот на метална површина може да преживее пет дена, а на алуминиум, вирусот може да остане активен помеѓу два и осум часа.
Тимот научници кои ја спроведоа студијата, предводени од професорот Гинтер Кампф, разгледувале различни материјали како пластика, стакло, челик, алуминиум, други метали, хартија и керамика и тоа како тие реагираат кога се изложени на коронавирус.
Според студијата, предметите кои најчесто онлајн се нарачуваат можат да бидат еден од главните носители на коронавирусот.
Вирусот најдолго издржува на пластика – до девет дена.
Студијата покажува и дека температурата на воздухот во просторијата каде што се предметите влијае за тоа колку долго вирусот може да преживее на поединечни предмети.

Коронавирусот може да се неутрализира со дезинфекција на површини со етанол и тоа од 62 до 71 процентен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...