Коронавирусот ги празни полиците низ маркетите во Љубљана

357

Во некои маркети во Љубљана дел од полиците останаа празни, откако граѓаните поради страв од коронавирусот граѓаните почнаа масовно да купуваат тестенини и конзервирана храна.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, складирањето храна беше започна откако се проширија информациите за први заразени лица во соседните Австрија и Хрватска.

– Ова денеска што се случува јас го немам видено. Доаѓаат луѓе и купуваат резерви на храна во вредност и до 150 евра. Веднаш откако ќе ги наполниме полиците со тестенини и конзерви тие набрзо се празнат. Оваа паника е сосема непотребна – вели жена вработена во еден од поголемите маркети во Љубљана.

Инаку, во Словенија се уште нема регистрирано случај на лица заразено со коронавирус. Тестирањето на сите сомнителни беше негативно. Сепак здравствени власти сметаат дека е само прашање на време кога ќе се појави вирусот и во Словенија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...