Коронавирусот во Словенија долетал од Мароко, во изолација и докторот кој прв го прегледал заразениот

Словенечките здравствени власти информираа дека се контактирани сите лица со кој заразениот имал некаков контакт дека дел од нив превентивно ќе бидат во изолација.

383

Словенечките здравствени власти објавија дека повеќе лица се во карантин, откако синоќа кај 60-годишен маж, кој се вратил од патување во Мароко е потврдено дека е заразен со новиот коронавирус.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, тој веќе изолиран во карантин во една од специјално за тоа направени простории на инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во главниот град на земјата.

Според последните информации човекот се чувствуваа добро.

Имајќи во предвид дека сам дошол на лекар, во изолација е и докторот кој прв го прегледал. Словенечките здравствени власти информираа дека се контактирани сите лица со кој заразениот имал некаков контакт дека дел од нив превентивно ќе бидат во изолација.

Инаку, ширум Словенија се поставени 16 така наречи „влезни точки” каде што се упатувани на тестирање сите оние за кои има сомнеж дека можеби се заразени со коронавирусот.

Според објавениот протокол, сите граѓани кои имаат симптоми на настинка, треска и сува кашлица, треба да го посетат својот матичен лекар, кој ќе реши дали ќе ги препрати на една од „влезните точки” каде што во специјални услови ќе им биде земен брис за анализа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...