Една жена од Калифорнија е хоспитализирана во полукоматозна состојба, откако употребила крем за лице од Мексико, кој ја содржел отровната метил-жива.
Жената била примена во болницата била со вкочанети раце и лице, отежнат говор и проблеми при одењето, а нејзината состојба уште повеќе се влошила од јули, кога била примена на лекување, рекол нејзиниот син, пренесува агенцијата АП.
Претставниците на властите велат дека жената имала 2,630 микрограми жива на литар крв, што е за 500 пати повеќе од прифатливото ниво.
Здравствените работници соопштиле дека 47-годишната жена од Сакраменто го купила кремот во аптека, во мексиканската држава Халиско.
Живата понекогаш се користи за осветлување на кожата и за отстранување на „старечките пеги“, иако е отровна.