Копилот во руски патнички авион починал за време на лет

510

Патнички авион денеска принудно слета на аеродромот во Ростов на Дон, на југот од Русија, откако за време на летот му се слошило на копилотот, кој потоа и починал за време на слетувањето, информира регионалната итна служба.

„Авионот полетал од московскиот аеродром Шереметјево, а околу 10 часот по локално време му се слошило на вториот пилот. Веднаш било побарано принудно слетување, а копилотот (49) починал во текот на слетувањето, наведе службата за руската агенција Тасс.

Авионот на компанијата „Аерофлот“ летал од Москва за Анапа, а руските власти отворила истрага за инцидентот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...