Односот помеѓу Пари Сен Жермен и Нејмар е затегнат, а бразилскиот репрезентативец бара излез од „Парк де Пренс“. Според францускиот весник „Екип“, конфликт меѓу двете страни се појавил и добил големи размери по повредата на Неј Џуниор на 23-ти јануари.
Фудбалерот и неговиот татко инсистирале докторот на бразилскиот национален тим да се грижи за здравјето на играчот.
ПСЖ се обидувал да го убеди играчот да работи со нивниот лекар, но тоа било залудно. На крајот на краиштата, бразилскиот лекар Родриго Ласмар не ја изврши оперативната процедура на најточен начин.
Завртката, што ја поставил за зајакнување на петтата метатарзална коска, се покажалa премногу кратка, и затоа се наметнала втора интервенција, што ефективно го елиминираше Нејмар од игра до крајот на сезоната.
Според ПСЖ, приоритет на Нејмар било да игра на Копа Америка, а не да ги следи целите на парижаните. Нејмар исто така не успеа да игра на Континенталниот турнир поради добиена повреда непосредно пред почетокот на Копа Америка.
ФОТО: EPA / Fernando Bizerra Jr.