Т.Б. (28) од Скопје вчера пријавил дека контролор на ЈСП го удрил со тупаница додека се возел во автобус со број 15.
Полицијата соопшти дека настанот се случил попладнето на улицата Љубљанска. Според пријавата, контролорот на ЈСП му побарал билет на Т.Б. и откога го проверил, му побарал повторно да плати карта. Т.Б. одбил и во еден момент контролорот со тупаница го удрил во пределот на устата.
Полицијата направи записник за констатиран прекршок.