Италијанскиот фудбалер Марио Балотели може да ја продолжи кариерата во Бразил. Фламенго му понуди договор на 28-годишниот контроверзен напаѓач, пренесува „Глобо Еспорте“.
– Тој е одличен играч и разговаравме со него. Марио покажа интерес да игра за Фламенго, но сè уште нема конечно решение. Остануваат многу прашања за решавање – изјави Родолфо Ландим, претседател на бразилскиот клуб.
Во моментов Балотели има статус на слободен агент.
Минатата сезона Италијанецот играше за Ница и Марсеј. За Ница тој одигра 10 натпревари и забележа една асистенција, а како дел од Марсеј, Балотели беше на 15 средби на кои постигна осум погодоци.