Коко Ти Остин објавила фотографија од авион на која ја дои својата четиригодишна ќерка Никол Шанел. Контроверзната Србинка од Холивуд и порано објавуваше фотографии од доење и секојпат наидувала на остри коментари, бидејќи „за доење на „големи“ деца нема причина“, пишува „Курир.рс“.
Родителските методи на сопругата на раперот и актер Ајс Ти, Коко Остин Ти, често се на удар на критики – од нејзината одлука на девојчето да му стави дијамантски обетки, до облекување на брендирана и „непристојна“ облека, преголемо експонирање на детето во јавноста до доењето.
Дали Коко со одлуката да ја дои ќерката греши?
– Децата задолжително треба да се дојат до шест месеци, пожелно е доењето да трае до нивната прва годишна возраст, а потоа нема здравствено оправдување затоа што тоа не му носи никаква корист на детето – смета педијатарката Милица Котлајиќ која истакнува дека пречекорувањето на овие граници може да штети на детскиот психички развој, односно развојот на неговата самојстојност.
Точно е дека доењето многу ја зајакнува емотивната поврзаност на мајката и детето кое со ваквиот начин на исхрана му ја дава неопходната сигурност, но кога ќе се „претера“ може да се создаде преголема поврзаност на мајката со детето.
Коко Ти Остин и Ајс Ти од 2005 година се во брак. Пред бракот Коко била во брак со Мајк Вилијамс од 1999 до 2001 година.