Менаџерот на Челзи, Антонио Конте нема намера да си замине без борба од Лондон.
Италијанскиот стратег е бесен дека клубот не му исплатил на него и на неговите помошници надомест од 11 милиони евра за предвремено раскинување на договорот.
Челзи верува дека не им должи надомест. Конте, планира да ги бара парите преку суд.
Веста за отпуштањето на Конте се уште не е официјално објавена од клубот. Сепак, играчот од средниот ред, Цеск Фабрегас се збогуваше со Италијанецот и му посака успех во иднина.
Истото го стори и легендата на Челзи, Џон Тери.