Според него, Италијанецот побарал три работи што Флорентино Перез е исклучено да ги прифати – да потпише договор за три години, да пристигне со штаб од пет луѓе и да има целосна контрола врз трансферите.
Италијанскиот одбранбен и прагматичен фудбал е главната пречка за неговото назначување – смета Калдерон.
– Конте сака договор за три години, да пристигне со пет луѓе и да има слобода при трансферите. Тоа се работи кои претседателот нема желба да ги прифати. Не мислам дека Конте е тренерот од кого „Бернабеу“ има потреба. Тој е како Жозе Мурињо – дефанзивен тренер кој игра со тројца централни дефанзивци и се обложува на контранапад. Реал Мадрид не сака да гледа тоа – изјави Калдерон пред Би-Би-Си Радио 5.