Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка откако се продлабочија несогласувањата со вицепремиерот и лидерот на Лига, Матео Салвини.
Во обраќањето во Парламентот, Конте го обвини Салвини дека сопствениот интерес го става пред државниот.
– Одлуката на Салвини (да ја разниша коалицијата) е сериозна и има значителни последици по економскиот и социјалниот живот на земјата – посочи Конте.
Лигата бараше изгласување недоверба на Владата на Конте, но тој тоа го избегна и сам поднесе оставка.