Конте: Најмрачен час за Италија, но ќе го надминеме

747
ФОТО: EPA / OLIVIER HOSLET

Италијанскиот премиер Џузепе Конте оцени денеска дека Италија го прожувува својот намрачен момент, но изрази увереност дека доколку се почитуваат правилата земјата ќе ја надмине ситуацијата.

– Ова е нашиот најмрачен час, но ќе го надминеме – изјави Конте за весникот „Република“, еден ден откако во Италија за 24 часа од Ковид-19 починаа 133 лица.

Тој рече дека се тастирал за коронавирус и резултатите се негативни.

– Имаме две цели – да се спречи ширење на вирусот и да се зајакнат здравствените структури за да го надминеме овој предизвик – истакна Конте.

Тој ги повика сите региони ефикасно да ги спроведуваат мерките на Владата.

Што се однесува на борбата на економски план, Конте посочи дека Италија ќе мора да примени „силна шок терапија“ и оти ќе биде потребен ефикасен план за обнова во сите области

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...