Консултации во Правда за писмото на Јанева

426

Министерката за правда, Рената Дескоска, на Фејсбук објави фотографии од консултациите за законот за Јавното обвинителство по дописот осомничената шефица на СЈО Катица Јанева предметите од  специјалното обвинителство да се предадат на Јавното обвинителство.

Од приложените фотографии се гледа дека министерката се консултира со републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, академик Владо Камбовски, обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска, универзитетскиот професор Гордан Кајалџиев и уште неколкумина други.

Дескоска вчера во изјава за Плусинфо најави дека по писмото на Јанева ќе направат консултации за тоа какво влијание ќе има нејзиното барање на одредени одредби во законот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...