Веќе се создадени правните услови да се прска против комарци, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
– Службите во градот во зависност од временската состојба и најавени или ненајавени врнежи ќе ја направат проценката. Ќе можеме во текот на денешниот и утрешниот ден да ги склучиме договорите со избраните набавувачи и конечно да ја завршиме таа постапка, додаде Шилегов – одговарајќи на новинарско прашање.