Конечни резултати: „За“ гласале 609.813 граѓани

440

609.813 граѓани гласале „За“, 37.700 граѓани гласале „против“ на вчерашниот референдум во Македонија, соопшти денеска Државната изборна комисија (ДИК).

Вкупно излегле на гласање 666.743 граѓани или 36,91 отсто. Од тие што гласале, во проценти 91,46 биле „за“, а 5,65% биле „против“.

Неважечки биле 19.221 гласачки ливчиња или 2,89 отсто.

Граѓаните се изјаснуваа на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...