Кондор продолжува со летови и покрај банкротот на Томас Кук

Од Кондор соопштија дека побарале денеска заем од Владата за да надминат тешкотии во работењето.

141

Германската компaнија Кондор соопшти дека продолжува со летови и покрај тоа што Томас Кук групацијата, каде и тие се дел, потврди дека банкротирала.

Од Кондор соопштија дека побарале денеска заем од Владата за да надминат тешкотии во работењето.

– Летовите на Кондор продолжуваат според редовниот распоред – наведоа во соопштение од компанијата.

Засега е нејасно како германската филијала на Томас Кук ќе продолжи со работењето. Од Кондор побарале денеска заем од Владата за да продолжат со работата и да имаат доволно средства во транзицискиот период.

Кондор е формиран во 1955 година и базиран во Франкфурт. Бил во сопственост на Луфтханза, но од 2003 година е дел од Групацијата Томас Кук. Вршат летови со 50 авиони и превезуваат повеќе од седум милиони патници годишно.

Групацијата Томас Кук е со 178-годишна традиција и банкротираше денеска откако не успеа да најде 200 милиони фунти за спас на фирмата.

Британскиот туроператор Томас Кук банкротира со што се откажаа аранжманите  на стотици илјади клиенти.

Претходно беше соопштено дека над 600 илјади туристи, клиенти на туристичката компанија се погодени од банкротот.

Компанијата во соопштение нагласува дека одборот „донел одлука дека нема друг избор освен да преземе чекори за задолжителна ликвидација“.

Директорот на Томас Кук, Петер Франкхаузер им се извини на клиентите, вработените и партнерите на компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...