Конгресот ги потврди носителите на пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата

1465

Конгресот ја прифати предлог програмата „Можеме“ да биде официјална предизборна програмна на СДСМ и Коалицијата, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на 24. Конгрес на партијата на кој се отврди изборната програма и кандидатските листи за пратеници за изборите на 12 април.

Заев рече дека СДСМ почнува нова пракса со тандем на носители на сите изборни единици, маж и жена за целосна родова еднаквост.

– Изборна единица еден ќе ја предводата Никола Димитров и Мила Царовска.

Изборна единица два чест да ја предводат имаат Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.

Третата изборна единица ќе ја предводат Љупчо Николовски и Јагода Шехпаска.

Четвртата изборна единица ќе ја предводиме јас и Соња Мираковска.

Изборната единица пет ќе ја предводат Радмила Шекеринска и Јован Митрески.

Шестата изборна единица ќе ја предводат Била Касами и Фаница Николовска.

Ова се луѓето кои даваат збор и пред мене и пред вас дека ќе работат чесно и одговорно. Со ваква понуда нема дилема ние сме победници на 12 април – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...