Неодамна починатата соул кралица Арета Френклин не оставила тестамент пред смртта, па нејзиното наследство проценето на 80 милиони долари би требало да го добијат нејзините четири сина, пишува Ролинг Стон.
Нејзиното богатство, според мичигенските закони, би требало еднакво да го наследат синовите Кларенс, Едвард, Тед и Кикалф.
Бидејќи нема тестамент, вредноста на имотот на Френклин ќе стане јавна и може да резултира со долготрајна правна битка која би го вклучило и проширокото семејство. Роднината Сабрина Овенс веќе побарала да биде именувана за личен застапник на имотот.