Комуналците цела ноќ чистеле депонии кај МТВ, пасошко и МАНУ

191

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје вчера вечер спровела акција за чистење на реонот на Македонската радио-телевизија, пасошкото одделение на МВР, потегот кон МКЦ и МАНУ и кејот Димитар Влахов.

Дваесет работници од третата смена во целост ги отстранија дивите депонии што континуирано се создаваат во овој дел од градот, а беше извршено и машинско миење со автоцистерна, информираат од претпријатието.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните и институциите совесно и одговорно да постапуваат со својот отпад, затоа што без нивната поддршка не може да се сочуваат хигиената и чистотата на нашиот град.

Секое исфрлање на отпадот на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува животната околина, потсетува јавното претпријатие.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...