„Комунална хигиена“ преку ГПС – систем ќе гледа кога контејнерите се полни (ФОТО)

Ова, како што соопштија од „Комунална хигиена“, ќе придонесе за намалување на потрошувачката на гориво и навремено празнење на контејнерите.

184

„Комунална хигиена“- Скопје воведе ГПС-систем со којшто ќе врши надзор на движењето на сите специјални комунални возила за собирање и транспорт на отпадот, на потрошувачката на гориво, а преку сензори на контејнерите ќе се утврдува колкава е моменталната исполнетост на нивниот капацитет.

Ова, како што соопштија од „Комунална хигиена“, ќе придонесе за намалување на потрошувачката на гориво и навремено празнење на контејнерите.

– Очекуваме големи придобивки од воведувањето на овој систем за надзор на собирањето и транспортот на отпадот, најмногу преку увидот во движењето и локацијата на возилата, како и потрошувачката на горивото. Особено е значајна можноста сензорски да се утврди дали еден контејнер е целосно или делумно исполнет со отпад и во согласност со тоа да се испланираат активностите на екипите на Претпријатието – вели директорот на  „Комунална хигиена“- Абдусамед Шабани.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...