Комунална хигиена: Не фрлајте органски отпад на јавни површини за Курбан Бајрам

Оваа година, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје на повеќе локации во скопските општини Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Сарај, ќе постави специјални садови во коишто верниците ќе можат контролирано и правилно да го одложат органскиот отпад

220

Апел да се фрла неколтролирано органски отпад на јавни површини во пресрет на верскиот празник Курбан Бајрам, денеска испрати директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, заедно со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, скопскиот муфтија Кенан Исмаили и претставниците од Здружението на еснафот на Старата скопска чаршија.

Шабани нагласи дека ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје секоја година во овој период се соочува со еден навистина голем проблем, а тоа е неконтролираното одлагање органски отпад, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните и се загадува животната околина.

– На сите ни се познати традициите и обичаите при подготовките и празнувањето на овој значаен муслимански празник, но апелираме до нашите сограѓани дека исфрлањето органски отпад на јавни површини може да доведе до многу несакани последици. На овие температури, таквиот отпад брзо се распаѓа и претставува извор на зарази во непосредната околина. Оваа година, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје на повеќе локации во скопските општини Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Сарај, ќе постави специјални садови во коишто верниците ќе можат контролирано и правилно да го одложат органскиот отпад, за истиот да може да биде навремено отстранет и транспортиран од страна на нашите екипи – изјави Шабани.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на вчерашната ноќ и денешниот ден, спроведоа акција за генерално чистење на Старата скопска чаршија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...