Индиската стартап-компанија што произведува душеци „Вејкфит“ се занимава со здраво спиење и одмор, односно со душеци кои тоа го овозможуваат. Оваа компанија бара почетници кои би спиеле на работа осум часас, 100 дена по ред. За таа „тешка“ работа ќе бидат платени околу 1.344 евра. Најдобро е тоа што сè се одвива дома, не мора да се патува до работното место.
Според пропозициите, идеални кандидати се оние кои се чувствуваат пријатно во средината каде што живеат и можат да смислат и да предложат стратегии со кои тие и останатите членови од семејството ќе заспијат што подлабоко и ќе спијат што подолго.
Ако успејат да ја докажат својата љубов за удобното излежување, мирната околина, попладневниот одмор и љубовта кон својот топол дом, тие карактеристики посебно ќе се вреднуваат. Основното барање за добро заршена работа е фанатичната желба и способноста да заспијат каде било и во кое било време.
Од кандидатите се очекува уште нешто – да сакаат да останат по цел ден во пижами. Секако, еден од условите кои мора да ги исполнат е да не претеруваат со гледање телевизија и серии, а не е дозволено и користење компјутер во текот на „работното време“. Предност имаат луѓето кои многу вешто игнорираат пораки и нотификации на телефон, а исклучени се оние оние што рчат.