Комора за туризам: Не наседнувајте на информациите дека аранжманите во Србија се поевтини од нашите

Ги советуваме македонските туристи, секогаш внимателно да ги прочитаат условите на понудите и туристичките програми, за детално да се информираат пред да донесат одлука за уплаќање аранжман, независно дали во земјата или во странство, особено при он-лајн купувањето“, соопштуваат од Комората.

797

Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) тврди дека цените на туристичките аранжмани зависат од видот на сместувањето и дестинацијата и ги советуваат граѓаните да не наседнуваат на информациите дека туристичките аранжмани во Србија се поевтини од македонските.

„Голем дел од агенциите во Србија, покрај објавената цена на аранжманот во евра, наплаќаат и динарски износ по лице за извршената резервација. Ги советуваме македонските туристи, секогаш внимателно да ги прочитаат условите на понудите и туристичките програми, за детално да се информираат пред да донесат одлука за уплаќање аранжман, независно дали во земјата или во странство, особено при он-лајн купувањето“, соопштуваат од Комората.

СКТМ воедно укажува да не се генерализираат поединечни искуства зашто на тој начин македонските туристи се доведуваат во заблуда и се нанесува штета на домашните туроператори.

Оваа реакција на СКТМ доаѓа по информациите во кои се повикуваат граѓаните да купуваат туристички аранжмани во агенции во Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...