Комисија за верски заедници: Ниту сме вмешани, ниту имаме став за превирањата во ИВЗ

229

Во настапот пред медиумите синоќа по одржана вонредна седница на ријасетот на ИВЗ, реисот Сулејман Реџепи во дел од својата изјава го обвини директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, дека е вмешан во последните случувања во Исламската верска заедница. Обвинувања и навреди беа упатени и за заменик директорот на Комисијата, Зеко Абази, а оттаму денеска излегоа со остар демант.

„Иако на целата јавност и е позната некредибилноста, неоснованоста и невистинитоста на ваквите наводи, поради длабока и искрена почит кон граѓаните со муслиманска вероисповед сакаме да упатиме остар демант и јасна порака дека Комисијата за односи со верските заедници, ниту нејзиното раководство на ниту еден начин не е вмешана во последните случувања и превирања во ИВЗ. Задржувајќи го личното и институционалното реноме на високо ниво нема воопшто да се впуштаме во понатамошна комуникација со лични дискредитации и инсинуации. Ова беше непримерен чекор за изнесување клевета. Не сме во можност дури ниту да се осврнеме и да произнесеме став во однос на предметните случувања бидејќи не располагаме со соодветни релевантни информации ниту од страна на судот, ниту од страна на верската заедница. За настанот сме запознаени само преку медиумите“, наведуваат од Комисијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...