Со 5 гласа „За“, ниту еден против и ниту еден воздржан, Комисијата за мандатно-имунитетни прашања изгласа одземање на мандатот на бегалецот Никола Груевски поради неоправдано отсуство од работа повеќе од шедт месеци.
Предлогот ќе се најде на првата наредна пленарна седница каде ќе биде потребно двотретинско мнозинство односно 80 гласа „За“. Гласовите „За“ ги дадоа пратениците од владејачкото мнозинство, додека тие од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа воопшто иако од Извршниот комитет синоќа им порачаа да гласаат согласно Уставот.
Тројца од нивните членови, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски и Трајко Вељаноски воопшто не се појавија на седницата за да гласаат. Од ВМРО-ДПМНЕ на седницата присутвуваа пратеникот Борис Змејковски и заменик членот на Комисијата, Невенка Стаменковска Стојковски. Присуствуваше и координаторот на пратеничката група на опозицијата, Никола Мицевски.
Тие се обидоа во дневниот ред да уфрлат точка за моралноста и етичноста во однесувањето на пратеникот Павле Богоевски на мината седница, но тој предлог не им беше усвоен.
Во неколу наврати Стaменковска и Мицевsки се обидоа да го наметнат Богоевски како тема на дискусија, велејќи дека покрај за однесувањето, треба да се расправа и за тоа на негово место да се назначи за претседстел на Комисијата неговата заменичка Снежана Колеска-Ванчевска, која и ја водеше денешната седница.
Таа им возврсти како може да бараат да се расправа за тоа колку Богоевски го почитувал етичкиот кодекс кога пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не го ни потпишале.
Пратеникот Горан Мисовски, пак, рече дека нема потреба да расправаат за Богоевски во овој момент бидејќи тој си поднел оставка, туку за Груевски кој е во бегство и азилот го плаќа со нивни и пари на сите граѓани.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...