Комисијата за политички систем по втор пат го одложи Извештајот на СЈО

112

Разгедувањето на Извештајот за шестмесечното работење на СЈО кој требаше денеска да биде претставен пред пратениците во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците повторно се одложи.

Претставувањето на извештајот во понеделникот беше презакажана за денеска, поради координација на политичките партии,, а на барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседатеот на Комисијата за политички систем Александар Кирацовски рече дека наредната недела ќе биде закажана посебна седница на која на дневен ред ќе биде само извештајот на СЈО кој сега пристигнал во електронска верзија за да им се овозможи на пратениците да го разгедаат.

Во шестмесечниот период од септември 2017 до март годинава, според извештајот, Специјалното јавно обвинителство отворило 136 предистражни постапки, отворило седум нови истражни постапки, а целосно се одобрени 15 обвиненија.

 Комисијата денеска ќе ги разгледува годишните извештаи на Народниот правобранител, на Дирекцијата за заштита на лични податоци, како и на Агенцијата за администрација.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...