Комисијата за односи со верските заедници ги осуди сатанистите

303

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) како надлежна државна институција за прашањата поврзани со религиите и верската сфера ги осудува вандалските и садистички постапки на непознатите сторители кои се изживувале врз животно и испишувале сатанистички симболи на јавни површини и на православни храмови, сцена која разбирливо предизвика вознемиреност кај граѓаните.

– Апелираме сите граѓани кои имаат сознанија за активност на поединци или групи, кои спротивно на закон дејствуваат и пропагираат учења кои не се прифатливи за нашето општество од етички, обичаен и морален аспект истите веднаш да ги споделат со нас, а се во заштита на јавниот интерес – соопшти Комисијата.

Од таму велат дека ја информираат јавноста дека во Република Македонија има 37 регистрирани верски групи согласно закон, и дека истите целосно го почитуваат правниот поредок. Долги години до Комисијата не е стигната поплака за појава на група која дејствува во таков контекст. Се надеваме дека и предметниот случај целосно ќе се расветли.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...