Зоран Ангеловски треба да биде именуван за директор на Оперативно техничката агенција ОТА, потврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на општина Велес.
– Пред неколку дена најавив дека има постигнато согласност. Денеска треба да има седница на Комисија за избори и именувања во Собранието на Република Македонија и доколку се одржи не гледам причина да биде именуван директорот на ОТА. Со тоа би се направил најзначајниот чекор за фунционирање на оваа агенција – рече Спасовски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Велес.
Без дискусија во Комисијата за избори и именувања, Зоран Ангеловски денеска едногласно беше предложен за нов директор на Оперативно техничката агенција (ОТА). Власта и опозицијата посигнале консензус и тој е избран меѓу 14 кандидати. Тој се избира со двотретинско мнозинсвто на пленарна седница на Собранието.
Ангеловски претходно работел во Агенцијата за разузнавање од 1998 до 2005 година, а бил и инспектор во Град Скопје. Потоа работел во Телеком.