Собраниската Комисија за европски прашања на барање на координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими повторно е на пауза, сега до 17.30 часот.
Само што почна со работа Комисијата по претходно дадената пауза, Алими побара нова пауза за да се провери дали се преведени на албански јазик сите 400 амандмани за Изборниот законик поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
По неговото барање претседателот на Комисијата Артан Груби од ДУИ даде пауза до 17.30 часот.