Коментарот за половиот орган на сопругот причина за лутината на Меланија Трамп

Порно актерката Сторми Даниелс изнесе детали во својата нова книга „Целосно разоткривање“ .

2259

Меланија Трамп се чувствува многу понижена и лута поради коментарот на порно актерката Сторми Даниелс за половиот орган на нејзиниот сопруг Доналд Трамп. Сторми Даниелс изнесе детали во својата нова книга „Целосно разоткривање“ (“Full Disclosure”).

Како што пренесува „Hollywood Life“, првата дама на САД најмногу би сакала целата помпа со аферата Даниелс и Трамп потполно да се заборави.

Сторми во својата книга пишува дека Доналд Трамп има помал пенис од просекот и истакнува дека сексот со него бил најнеимпресивното сексуално доживување што го имала досега.

– Меланија се чувствува засрамено поради одвратните коментари. Исто така, таа смета дека описот е исклучително груб, омаловажувачки и едноставно погрешен. Меланија е лута и сака да се заборави аферата што е можно поскоро – велат извори блиски до првата дама на САД.

Освен тврдењата за сексуалната афера, Сторми Даниелс исто така тврди дека Доналд Трамп ѝ понудил да биде гостинка во неговото реално шоу „The Apprentice“ и тоа повеќе пати, а за возврат ѝ побарал таа да спие со него.

Трамп ги отфрли сите тврдења на американската порно-ѕвезда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...