Комеморативна седница за проф. д-р Томе Груевски

233

Комеморативната седница по повод смртта проф. д-р Томе Груевски, насловен вонреден професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе се одржи денеска во 11 часот во Свечената сала на Факултетот.

Проф. д-р Томе Груевски беше наставник и научник во областа на комуникологијата, новинарството и односите со јавноста, прв доктор по комуникологија во нашата држава и основоположник на студиите по односи со јавноста. По кусо и тешко боледување почина на 16.09.2019 година, со што академската заедница загуби почитуван и драг колега, посочуваат од Правниот факултет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...