Комеморативна седница во Собранието по повод смртта на Љубиша Георгиевски

653
Собранието на Република Македонија утре напладне ќе одржи Комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешен претседател на Парламентот. 

Георгиевски ја извршуваше функцијата претседател на Парламентот во периодот од  1. август 2006 година до 21. јуни 2008 година.

Телеграми со сочувство до семејството на поранешниот претседател на Собранието, истакнат дипломат и професор, режисер и амбасадор, Љубиша Георгиевски, испратија Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, Претседателот на државата, Ѓорге Иванов и други.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...