Командир на иранска Револуционерна гарда: Ќе следува посурова одмазда

243

Високиот командир на иранската Револуционерна гарда, Абдола Араги предупреди дека наскоро ќе следува „посурова одмазда“ од иранските ракетни напади врз американски воени цели во Ирак, кои се извршени како одговор на минатонеделното убиство на генералот Касим Сулејмани од страна на САД.

Изјавата на Араги е дадена по вчерашниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој истакна дека Иран веројатно „отстапува“ по ракетните напади, во кои немало жртви меѓу американските војници во Ирак.

Во друго соопштение, заменик командантот на иранските гардисти Али Фадави наведува дека иранските ракетни напади против американски цели претставувале демонстрација на иранската воена моќ.

Претходно денеска, иранскиот амбасадор во ОН, Маџид Тахт Раванчи го отфрли како „безмилосен“ повикот на Трамп за соработка со Иран, имајќи ги предвид американските санкции против техеран. Иранскиот амбасадор изјави дека Вашингтон со убиството на Сулејмани на 3 јануари поттикнал нова ескалација на непријателството кон Иран.

Изјавата на Раванчи е прва официјална реакција на Иран по вчерашното обраќање на Трамп.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...