Командант Хоџа ќе си ја добие советничката плата од Владата

Од Владата за Мета одговориле и дека во моментот нема постапка на Хоџа да му се додели друга функција. 

497

Џезаир Шакири – Хоџа ќе добие износ во пропорционален сооднос со траењето на неговиот договор, појасни Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на прашањето од „Мета“ дали на Џезаир Шакири, алијас командант Хоџа, ќе му биде исплатен надомест, односно плата за неговиот ангажман во Владата.

Хоџа беше ангажиран како специјален советник на премиерот Зоран Заев од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот за плата од 36.000 денари.

Под притисок на јавноста, тој се повлече од функцијата.

Од Владата за Мета одговориле и дека во моментот нема постапка на Хоџа да му се додели друга функција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...