По објавата на Фејсбук на Мухамед Красниќи алијас командант Малишева дека секој политичар кој е вмешан, како што вели, во оваа стапица и кој ќе им падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од групата од Диво Насеље, командантот го избришал постот.
Тој во објавата им честиташе дека се истепани ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, но и ги посочи кои се.
– Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиевски беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес, напиша меѓу другото Малишева.
На страницата на Малишева последната објава сега е од 2015 година, кога си ја сменил насловната фотографија на профилот.