Командант Соколи еден од осудените за случувањата во Диво Насеље, кој се наоѓа во затворот Шутка, испрати закани, по инцидентот во кој беа нападнати двајца поранешни министри.
Командант Соколи вели дека за она што го направиле „ќе платат денес или 100 по години”, пренесува Инфошкип.
„Прво сакам да ставам до знаење дека ние не сме кукавици, додека ти со твоите сопартијци не си ништо друго освен едно парче шовинист. Што се однесува до тепањето на вашите сопартијци, поранешните министри на Груевски тие се полоши од оние проститутки, барем тие се обидуваат да пружат отпор.
Сега, во врска со нашиот случај во јавноста познат како „Диво Насеље“, ние влеговме за правата на нашите сонародници. Се случи она што се случи, но ние не сме лоши, се боревме колку што можевме и се предадовме како резултат на гаранциите на ОБСЕ , за коректно однесување од страна на органите на редот во вашата држава.
Сега ќе ви ги откриеме причините за конфликтот со вас, шовинисти на ВМРО-ДПМНЕ:
- Груевски со своите соработници извршил егзекуција на 4 лица од нашата група, и за ова ќе плати денес или по 100 години.
2. Ние се предадовме со гаранции, тие со маски што не тепаа ќе платат денес или по 100 години.
3. За време на транспортот до Судот бевме систематски малтретирани од специјални полициски единици, кои исто така беа командувани од овие политички проститутки на вашата партија.
4. Вие не осудивте надвор од секој нормален критериум, исто така со одлука на политичките проститутки на вашата партија.
И сега, за крај, ние неколку пати сме ви рекле и во судницата, убијте не и можеби ќе се затвори проблемот, зошто инаку овие однесувања што ги спомнав погоре нема да ви ги простиме никогаш, и ако си вмешан и ти, ова важи и за тебе лично“, вели Соколи.
Активен на Фејсбук од затвор беше и командат Малишева кој му порача на Христијан Мицкоски дека не се кукавици и дека со пушки ВМРО-ДПМНЕ било симнато од власт.