Најпродаваниот француски весник и еден од најреномираните весници во Европа „Ле Монд“ објави колумна на турскиот интелектуалец Фетулах Ѓулен.
Во својата колумна Ѓулен говори за актуелните состојби во светот, со особен осврт кон настаните во Турција. Ѓулен потенцира дека Турција веќе подолго време се оддалечува од исламските вредности и дека поради тоа не се почитуваат демократските начела.
Во целост Ви ја пренесуваме колумната на Ѓулен за „Ле Монд“ насловена како
„Исламот се вклопува со демократијата“
На почетокот на 2000 години Турција беше почитувана муслиманска земја која направи сериозни чекори за подобрување на демократијата. Владејачката партија која дојде на власт во 2002 година спроведе реформи во согласност со стандардите на Европската Унија и човековите права почнаа да се движат во насока на подобрување.
За жал, овие демократски реформи беа краткотрајни. За неколку години почнаа да стагнираат реформите. Веднаш по изборите во 2011 година, тогашниот премиер на Турција, сегашен претседател Ердоган направи пресврт од 180 степени. Од тогаш па навака се повеќе се зголеми авторитарниот режим и Турција веќе не е земја пример за останатите муслимански земји. Негативното однесување на Турција во последниот период некои сакаат да го претстават како несовпаѓање помеѓу исламските вредности и демократијата. Но, ова би било погрешна дијагноза на проблемите.
Иако сегашната власт се обидува да остави впечаток дека внимателно го почитува Исламот, сепак однесувањето на владејачката партија е во целосна спротивност со основните исламски вредности, кои немаат никаква врска со одреден начин на облекување или извикување на верски слогани. Основните исламски вредности се владеењето на правото и независното правосудство, отчетноста на владејачите и заштитата на основните човекови права и слободи. Назадувањетото во демократските искуства на Турција не е поради почитувањето на исламските вредности, напротив, тоа се случува поради предавството кон нив.
Анатолиските народи се адаптибилни народи. Луѓето живеат заедно без разлика дали се Сунити, Алевии, Турци, Курди, без разлика на нивната верска припадност, начин на живот, филозофски или верски ставови. Безмислени се обидите сите да бидат исти, тоа е непочитување кон човечноста. Мора да имаме почит кон сите различни мислења, чувста, начин на живот, филозовските сфаќања и погледот кон светот. Партиципативно демократско владеење, ниту една група нема да врши притисок кон друга група, без разлика дали е мнозинство или малцинство, е најсоодветната форма на владеење за таквото општество. Истото може да се каже и за Сирија, Ирак и другите соседни држави.
Наведување на меѓусебната омраза помеѓу различните групи во општеството е метод кој го користат сите деспотски владетели во Турција и другите делови на светот за да ја задржат својата апсолутна власт. Без оглед на нивните верски убедувања и ставови, граѓаните треба да можат да се соберат околу нивните универзални права и слободи и на демократски начин да се спротивстават на оние кои ги кршат овие права.
Да се застане против прогонството е демократско право, должност на секој граѓанин и верска обврска на секој верник. Куранот вели дека луѓето не смеат да молчат напроти прогонство.
„О верници, бидете постојани при правдината, сведочете праведно заради Алах, било да е тоа против вас или против родителите или против блиските“ (4:135).
Употребата на основните слободи, вклучувајќи ја и слободата на животот и слободата на изразување, како што се бара од верувањето или од гледиштето на животот, ги прави човечките суштества вистинска личност, под услов да не им наштетуваат на другите. Слободата е право кое Милостивиот (Господ) му ја дал на човекот и никој нема право да го оспори ова право. Човекот чие право на слобода е одземено, не може никогаш да живее на човечки начин. Наспроти тврдењата на „политичките исламисти“, Исламот во ниту еден случај не е начин на управување, ниту пак е идеологија која има врска со начин на управување. Тоа е една вера. Можеби проповеда некои принципи во врска со управувањето, сепак тоа се многу мал број на принципи во споредба со бројот на останатите принципи. Спуштањето на исламот во политичка идеологија е голем криминал против духот на исламот.
Луѓето кои ја истражуваа врската помеѓу исламот и политиката, на три теми направија големи грешки. Првата грешка е тоа што ги помешале исламот проповедан од Куранот и зборовите на Мухамет со исламот кој произлегува од историските искуства на муслиманите. Важно е критички да се разгледа историското искуство на муслиманите и одредбите наведени во контекст на тие искуства и да се воведат нови аспекти на муслиманите во светот, како што се човековите права, демократијата и социјалната инклузија. Втората грешка е тоа што преку Курански превод или неколку избрани зборови на Мухамед (а.с.) се бара легитимитет на претходно веќе установени некои сфаќања и обидот да импозираат истите на други луѓе.
Духот на Куранот и филозофијата во животот на Мухамед може да се достигнат само со целосен аспект на гледиште, а помоштта од Господ може да се очекува само со искрани желби. Трета голема грешка е да се тврди дека не се совпаѓаат Исламот и демократијата изнесувајќи го ставот дека „ Религијата е заснована на Божјиот суверенитет, демократијата се темели на надмоќноста на нацијата“.
Ниту еден муслиман не се сомнева дека Господ владее со сето она што се наоѓа во вселената. Но ова не значи дека ние немаме право на сопствен избор или дека Господ не ги дал тие права.
Националниот суверенитет во ниту еден случај не значи дека надмоќноста се одзема од Господ и им се припишува на луѓето.