Војвотката Меган Маркл е една од најпознатите личности во светот. Јавноста е воодушевена од нејзината хуманитарна работа, посветеноста на семејството и незаменливиот стил, но малкумина знаат колку е вешта со пенкалото.
Со оглед на тоа што Меган во минатото беше актерска sвезда, таа поделила мноштво автограми. Кога стана полноправна членка на кралското семејство, таа одлучила да го промени својот официјален потпис. Нејзиниот нов стил на потпишување е очигледен во официјалните документи, благодарници и честитки што ги потпишува додека ги извршува своите службени кралски должности.
Ретко кога сме имале шанса да видиме одблизу како пишува сопругата на принцот Хари, но неодамна „испливале“ фотографиите на кои се гледа нејзиниот совршен ракопис.
Овој факт не ги изненадува вистинските познавачи на нејзиниот лик и дело, бидејќи Меган е позната како квалификуван калиграф. Покрај тоа, како што открила во магазинот „Ескваер“ уште во 2013 година, калиграфијата е едно од нејзините омилени хоби што го започнала во основно училиште. Таа се вљубила во оваа вештина на часовите за ракопис во католичкото училиште и продолжила да ја негува и кога пораснала. Таа, исто така, своевремено изработувала покани и честитки за да помогне во финансирањето на својата актерска кариера.
FOTO: Tviter/Printskrin
FOTO: HOLAUSTA/Tviter/Printskrin