Според научни истражувања објавени во списанието „Студии за среќата“, постои совршена должина на одмор кој има максимален благотворен ефект врз здравјето и благосостојбата на луѓето.
Истражувачите од Универзитетот „Радбоуд“ во Нијмеген, Холандија, ги истражувале ефектите и влијанието на должината на одморот врз здравјето и благосостојбата на луѓето, по што истакнаа дека одморот треба да трае подолго од осум дена. Но, има интересен момент кај зачестеноста на одморите.
Во студијата учествувале 54 лица кои имале просечна возраст од 42,5 години и сите биле вработени. Ова истражување се фокусирало на подолг одмор, од 15 до 34 дена, со просек од 23 дена. Научниците ги прегледале психолошките процеси кои се поврзани со долго заминување од работа и како учесниците во експериментот се чувствувале здравствено за време и после одморот.
Учесниците пред, три или четири пати за време и пет пати после одморот, го оценувале своето здравје и благостојба, врз основа на шест фактори: здравствена состојба, умор, задоволство, расположение, напнатост и ниво на енергија.
Во експериментот е утврдено дека здравјето и благостојбата брзо се зголемуваат за време на одморот, а осмиот ден е врвот. Меѓутоа, во рок од една недела од враќањето на работа, здравјето и благосостојбата се вратиле на почетно ниво.
Авторите на студијата заклучиле дека здравјето и благостојбата биле подобрени за време на летните одмори, но оти овој позитивен ефект бил краткотраен. Според нив, честите одомори можат да бидат важни за зачувување на здравјето и благостојбата. Заклучокот од студијата е дека должината на одморот не влијае врз здравјето и благостојбата, туку колку често се оди на одмор.