Колку пари трошел Роналдо во Дубровник? Од сумата ќе ви се сврти во глава!

Секако, за Роналдо кој годишно заработува околу 30 милиони евра (не сметајќи ги спонзорските договори), тие трошоци се вистинска ситница.

3186

Веста дека еден од најдобрите фудбалери на светот ги поминува пролетните празници во Дубровник брзо го обиколи регионот. Таму го третирале како крал, а му пружиле и третман кој никој освен папата не го доживеал, но таквиот луксуз ни најмалку не е евтин, пишува „Индекс.хр“.

Во Хрватска, односно на дубровничкиот аеродром Роналдо и неговата девојка Георгина слетале со приватен авион. Според пишувањето на „Дубровачки дневник“, авионот чини 32 милиони евра. Во него комотно може да летаат 18 патници. Авионот, всушност, не е во негова сопственост, туку го изнајмува, но ниту тука не поминал евтино. Роналдо го изнајмува по цена од 6.000 евра на час.

Роналдо и Георгина биле сместени во една луксузна вила во Дубровник, во која пред него ноќевале некои од најголемите светски ѕвезди како Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Софија Лорен, Џејми Фокс…

Од вилата се пружа поглед на Дубровник и Локрум со кој Георгина се пофалила во првата прилика, а тоа елитно сместување чини окоу 7.000 евра.

Роналдо и Георгина во најпознатите ресторани во Дубровник трошеле по 2.000 евра дневно, но и на други работи, па хрватските медиуми пишуваат дека фудбалерот трошел по повеќе од 20.000 евра дневно.

Секако, за Роналдо кој годишно заработува околу 30 милиони евра (не сметајќи ги спонзорските договори), тие трошоци се вистинска ситница, но сосема се доволни за на обичните смртници да им се сврти во главата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...