Колинда хит во Русија: „Ах, каква женска“

По Светското фудбалско првенство во Русија, Колинда Грабар-Китаровиќ стана вистинска ѕвезда во Русија.

1187

По Светското фудбалско првенство во Русија, Колинда Грабар-Китаровиќ стана вистинска ѕвезда во Русија.

Руското издание на популарниот магазин „Hello!“ објави приказна за Колинда со фотографија од нејзината прослава во хрватски дрес во ВИП ложата на стадионот. „Ах, каква женска!“, се вели во насловот на текстот, а подолу за Колинда на галено пишува дека е „една од оние луѓе кои ќе го променат светот“, пренесува „Индекс“.


– За време на Светското првенство во фудбал таа стана мега-ѕвезда, иако само навиваше за својата репрезентација – пишуваат Русите.

– И можеби Франција го освои шампионатот, но хрватската претседателка ги освои срцата – се заклучува во резиме тона приказната за Колинда што беше истакнато на насловната страница на списанието.


Дека Колинда беше апсолутен хит во Русија, потврди и Марија Григоријан, Русинка која живее во Загреб. „Мојот зет, руски бизнисмен, толку се заљуби во Колинда што ми соопшти дека би го заменил Путин со неа“.

Русинките се обидуваат да го копираат нејзиниот стил, а Русите велат дека е многу атрактивна и секси жена. Тука апсолутно секој знае која е таа и сите се воодушевени затоа што, да ги цитирам, „не е низок, здодевно старо чиченце како повеќето претседатели“, вели Григоријан за Индекс.

Колинда ги освои и Британците, со нејзиниот настап во утринската емисија „Good Morning, Britain“. „Ми се допадна, силна, паметна, атрактивна и сензибилна. Можеби и другите лидери треба да ја послушаат. Ве молиме, дојдете во Велика Британија и водете не“, беше само еден од коментарите полни со одушевување.

Подготви: А.Ј.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...