Колинда се преполовила: Сега можам да влезам во панталоните од пред 10 години! ФОТО

За хрватското издание на магазинот „Глорија“, хрватската претседателка открила како успеала толку многу да ослабне.

6915

Хрватската претседателкa Колинда Грабар-Китаровиќ значајно изгубила на тежината. Многумина мислат дека тоа е затоа што се подложила на драстична диета за што побрзо и полесно да ослабне, но за хрватското издание на магазинот „Глорија“, рекла дека тоа е далеку од вистината и дека никогаш не би можела да биде на диета која бара од неа да гладува.

– Поради обврските не смеам да бидам гладна, бидејќи во спротивно мозокот не ми функционира како што треба. Признавам, претходно знаев да се тешам со храната, особено со сендвичите по напорниот работен ден, што и ме доведе до вишокот килограми. Но, денес сум горда, бидејќи можам да влезам во маскирните панталони што ги купив пред 10 години во Америка. Многумина ме прашуваат која е мојата тајна, а јас велам дека за мојата добра линија се заслужни движењето и медитеранската исхрана – рекла хрватската претседателка.

Колинда додала дека пие исклучиво вода, главно од чешма, го избегнува кафето поради кофеинот и црвеното вино поради интолеранцијата на хистамин. Од маснотиите користи домашно маслиново масло и малку маслац, а во фрижидерот секогаш има многу овошје и зеленчук, особено авокадо.

Сосема го исфрлила шеќерот и во нејзината исхрана нема леб.

– Контролирана и уромантожена исхрана. Нема јадење ноќе и мора да се движите – заклучила Колинда Грабар-Китаровиќ.

Kolinda Grabar Kitarović

FOTO: PROFIMEDIA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...