Колинда сама си го варосува станот ФОТО

1159

По лажната вест која се ширеше низ Нигерија дека хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ лично го возела автобусот со фудбалерите од репрезентацијата, кои на Светското првенство во Русија го освоија второто место, сега таа е повторно хит во Индија и овојпат благодарение на лажните вести кои молскавично се шират преку социјалните мрежи.

Во Индија неверојатна популарност добија фотографиите на Грабар Китаровиќ, кои таа самата ги објави на својот Фејсбук профил во 2015 година, а е облечена во милитантна облека и сама го молерисува својот стан.

– Хрватската претседателка сама го молерисува станот бидејќи не сака да краде пари од својот народ. Кога праведните владеат и народот се радува, е една од честите варијации на коментари меѓу Индијците за оваа вест.

Грабар Китаровиќ го привлече вниманието на светската јавност за време на Мундијалот во Русија кога на успесите на хрватската репрезентација непосредно се радуваше надвор од стандардниот протокол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...