Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, на претседателот на САД, Доналд Трамп му подари дресот на хрватската репрезентација.
Хрватска вечерва во Москва на Светското првенство во фудбал го игра полуфиналниот натпревар со тимот на Англија.
Грабар Китаровиќ која денеска е спречена од трибините да ги бодри фудбалерите на Хрватска, пред неколку дена на натпревар меѓу Хрватска и Русија во Сочи го привлече вниманието на медиумите со еуфоричното навивање за својата репрезентација.