Колинда: Имам предиспозиција за карцином, во моето семејство тројца починаа од рак

1085

Хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ им објаснила на новинарите во Турција зошто била на преглед во приватна поликлиника.

– За жал, имам генетски предиспозиции. Од четири баби и дедовци, тројца починаа од карцином. Јас секоја година правам магнетна резонанца на дојките и внатрешните органи – изјавила Колинда.

Таа потврдила дека во јануари била на инфузија во болница во Загреб.

Претходно, „Вечерњи лист“ објави дека претседателката на Хрватска во јануари била неколку пати на инфузија во Загреб, а во петокот била на преглед и во приватна клиника кај Загреб, наводно, на мамографија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...