Колинда е повторно хит на интернет (ВИДЕО)

515

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ повторно е хит на социјалните мрежи откако се појави снимка како поправа фризура на новинарка од државната Хрватска радио телевизија.

Имено, Китаровиќ подготвувајќи се за изјава од Њујорк, каде што се одржува заседанието на Генералното собрание на ОН, ја забележа разбушавената коса на новинарката и веднаш и „пријде на помош“.

Снимката не одеше во програма во живо, но се појави на Твитер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...