Видео на кое хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, во својот кабинет на глас ја чита „Пипи долгиот чорап“, порталот Индекс го објави со тоа што додаде во наслов „ова е лудо“.
Наводно, видеото е направено лани во април, а сега почна да се шири по социјалните мрежи.
Како што пишува Индекс, ова е дел од проектот „Пипи долгиот чорап“, кој е започнат од наставничката по хрватски јазик од Шведска, Мартина Михалиќ.
– Драги деца, со задоволство се огласив на молбата на госпоѓа Мартина Михалиќ да ви прочитам од мојата драга книга, а се надевам и ваша, „Пипи долгиот чорап“, која со години е дел од детството на децата ширум светот, кои уживаат во описите на веселите авантури на ова необично девојче – вели Колинда, пренесува порталот.